Македонската фудбалска репрезентација денес во Варшава (12 ч.) ќе ги дознае противниците за ЕП-2012. Македонија противниците ќе ги очекува од  од четвртиот рејтинг-барабан. Kвалификациите ќе стартуваат од септември годинава, а ќе завршат во октомври идната година.


Во ждрепката за квалификациите ќе учествуваат 51 репрезентација, поделени во шест рејтинг-групи од кои ќе бидат составени девет квалификациски групи. Од нив шест ќе бидат со по исто толку селекции и три со пет натпреварувачи.


Пласман на завршницата, покрај домаќините Полска и Украина, на крајот од квалификациите ќе обезбедат деветте победници од групите и најдобро второпласираната селекција од сите групи.
Преостанатите осум второпласирани селекции од квалификациите ќе играат бараж-натпревари за преостанатите четири места на завршницата.


Рејтинг групи

1 група: Шпанија, Германија, Холандија, Италија, Англија, Хрватска, Португалија, Франција, Русија.

2 група: Грција, Чешка, Шведска, Швајцарија, Србија, Турција, Данска, Словачка, Романија.

3 група: Израел, Бугарија, Финска, Норвешка, Р. Ирска, Шкотска, С. Ирска, Австрија, БиХ.

4 група: Словенија, Летонија, Унгарија, Литванија, Белорусија, Белгија, Велс, Македонија, Кипар.

5 група: Црна Гора, Албанија, Естонија, Грузија, Молдавија, Исланд, Ерменија, Казахстан, Лихтенштајн.

6 група: Азербејџан, Луксембург, Малта, Фарски Острови, Андора, Сан Марино.

Ohridnews