Фудбалската репрезентација на Македонија, 2015 година ќе ја започне на 101-то место на ранг листата на ФИФА. Во однос на претходното рангирање, иако не одигра ниту еден натпревар, фудбалската репрезентација назадуваше за една позиција.
Две места пред Македонија е Белорусија која на ’црвено-жолтите’ им е противник во квалификациите за пласман на Еуро 2016. Белорусија во однос на претходното рангирање го задржа 99-то место на ФИФА листата.
Останатите противници на Македонија во квалификациите за пласман на ЕП, за по една позиција напредуваше Луксембург (127), додека Украина (25), Словачка (21) и Шпанија (9) ги задржаа истите позиции.
Новата листа на ФИФА не донесе промени меѓу првите 45 репрезентации, а во Топ 10 се наоѓаат Германија, Аргентина, Колумбија, Белгија, Холандија, Бразил, Португалија, Франција, Шпанија и Уругвај.
„Макфакс“