Доколку извештајот содржи таква препорака финалната одлука дали и кога Македонија ќе ги стартува преговорите ќе ја донесе Советот на ЕУ во декември.
Според проценките на аналитичарите Европската комисија најверојатно ќе препорача отворање на пристапните преговори меѓу ЕУ и Македонија, но не и конкретен датум. Одлуката кога евентуално ќе започнат преговорите за членство на Македонија во ЕУ според експертите ќе зависи од решавањето на спорот со Грција околу името.
Се очекува извештајот да ги нотира достигнувањата на земјата во исполнувањето на поставените критериуми, но и да ги посочи областите во кои е направен недоволен напредок како што се заштитата на животната средина, подобрување на капацитетот на јавната администрација, невработеноста, социјалната политика и друго.