Државниот врв нема добиено официјален предлог од посредникот Метју Нимиц, кој како што шпекулираат грчките медиуми имал изготвено нов предлог за решавање на спорот со името.

Ние внимателно комуницираме со посредникот на Обединетите нации кому му се дадени јасни насоки во кој правец може да размислува во врска со предлогот за решавање на спорот со името. Се надевам дека господинот Нимиц ќе даде подобар предлог од претходниот, а доколку даде сличен предлог како и последниот тој ќе помине исто како што помина и тој предлог, изјави денеска во Охрид, премиерот Никола Груевски.

Според Груевски тоа што Македонија нема официјален државен претставник на отворањето на Летните олимписки игри во Пекинг кои започнуваат денеска не е никаков превид. Присуството на државниците на олимпијадите не е задолжително, рече Груевски кој објасни дека не отпатувал за Пекинг затоа што имал неодложни обврски дома,а кој морал да ги заврши.

Ohridnews