Македонската ракометна репрезентација ја победи Естонија со 31-25 (14-8) и го осигура второто место во групата кое носи пласман на континеталниот собир наредната година во Србија.


По двата нерешени исхода од претходните гостувања кај Естонците, избраниците на Звонко Шундовски направија чекор напред, со што мечот в недела против БиХ ќе биде чиста формалност.

Одлучувачката предност “црвено-жолтите“ ја направија во финишот на првиот дел кога со серија погодоци се одлепија на плус шест, што на крајот се покажа како недостижна предност за домашните.

За Македонија ова ќе биде второ учество на континеталните собири. Првото го имавме во 1998 година,а последниот настап на големо натпреварување беше во 2009 на СП во Хрватска каде завршивме на 11. место.

М.П.