Седлоски 3 Капитенот одигра солидна партија на позиција која одамна не сме го гледале. Во голема мера му помогнаа и норвежаните кои речиси и да не не’ нападнаа. Солиден во дефанзивните задачи, но го немаше во нападот.
Попов 3. Уште еден играч од кој многу повеќе се очекува да придонесе во нападот.Солиден во одбраната, но немаше продори, не упати ниту еден директен удар кон голот, иако имаше две добри прилики за тоа.
Митрески – Грнчаров 3. Ги спаси Николоски. Средниот двоец во нашата одбрана одигра добро, но комотноста при продорот на Кару можеше скапо да не чини.
Шумуликоски 2.5 Долгата пауза и греењето на клупата очигледно дека оставило трага во неговата игра.
Георгиевски 3.5 Одлично се снајде во новата формација, доста претрча и прекрасно му асиситираше на Ристиќ.
Деспотовски 4. Дебитираше во голем стил. Го имаше насекаде по теренот, огромен борец, и му асиситраше на Пандев. Вистинско озвежување во летаргичниот среден ред.
Наумоски 3.5 Остана на онај еден погодок против Шкотска. Просторот кој му го отвори Пандев го искористи само еднаш, кога итро се обиде да го совлада Кнудсен.
Пандев 4 Најдобриот македонски фудбалер уште еднаш ја покажа својата класа. Константа закана беше за норвешкиот гол па нон-стоп беше дуплиран. Штета што останатите не ја искористија поголемата слобода во играта.
Стојков 2.5 Играч чиј квалитет несомнено го поставува прашањето, дали заслужува да го носи националлниот дрес. Само еден трк во 80 минути премалку е па и за Ацо Стојков
Ристиќ 2. Надвор од игра. “Кореанецот“ да не беше интернационалец ќе помислев дека е инспириран од настапот. Не беше внимателен при проигрувањето на Пандев, а запаметен ќе остане по “кунг фу“ ударот во главата на норвешкиот одбранбен играч.
Мазнов 2. Не се снајде најдобро во средината на теренот. Бледа партија која се должи и на тактичката поставеност.
Грозданоски /
Јонуз 2.5 Не успеа да слави на дебито. Офанзивно започна како и што најави. но во текот на мечот се изгуби. Во моментите кога ја изгубивме средината, хазардерски одигра со измената Шумуликоски – Мазнов. Дали не го разбраа или не се снајдоаа, но доколку имавме послилен противник спроти нас скапо ќе не чинеше таа егзебиција. Доцнеше со измените, кои пак не му вратија за укажаната доверба.