Македонската машка кошаркарска селекција со големи 30 поени разлика (81-51) ја совлада во саботата репрезентацијата на Украина, со што ги подгрева надежите за успешен настап на претстојното Европско првенство, откако во петокот беше совладан и Израел (75-58).
Украинската селекција, којашто исто така се подготвува за шампионатот и очекува висок пласман, во Охрид благодарејќи на ритамот и решеноста што ги наметнаа македонските кошаркари, не покажа ништо поради што претставуваше пријатно изненадување на последните меѓународни натпреварувања.
Најголем отпор гостинските играчи пружија во првата четвртина (22-15), но веќе во следните десет минути македонските кошаркари стигнаа до стабилна предност на полувремето (37-22). Во третата четвртина „црвено-жолтите“ ја зголемија предноста, ја добија со 26-15, што овозможи во четвртата (18-14) селекторот Марјан Србиноски да испроба некои тактички решенија.
Најпрецизни во македонскиот тим беше бековската двојка Војдан Стојановски и Марко Симоновски со по 15 поени, а Бојан Трајковски додаде 10 поени со шест украдени топки во одбраната.
На мечот против Украина не настапи Дамјан Стојановски, кој во петокот против Израелците полесно го повреди скочниот зглоб, како и крилниот центар Јаневски. На нивните места шанса добија Кирил Николовски и Владимир Брчков.
Мини турнирот во Охрид, на кој победник е Македонија до двете високи победи, завршува во недела со дуелот меѓу Украина и Израел.
Македонската селекција подготовките ги продолжува во Скопје, каде што во вторник во салтата во центарот „Јане Сандански ќе игра повторно со Израел, а во петок во Гевгелија ќе се сретне со Венецуела. Потоа репрезентацијата заминува на силните турнири во Литванија, Шпанија и Летонија.
„Макфакс“
Ohridnews