Македонија нема капацитет за верски туризам, а недостасува и општа и туристичка култура, оценува Миле Спировски, претседател на Асоцијацијата на туристички агенции на Македонија(АТАМ), пренесува „Макфакс“ повикувајќи се на  битолската телевизија  „Тера“.

Според него, странците често барале да престојуваат во манастирски конаци, наместо во хотелите.

Тој потсетува дека во 2004 та година делегација од Ватикан без најава ја посетила Македонија за да го испита теренот за престој на своите 7000 верници, при што било констатирано дека Македонија ги нема потребните капацитети за верски туризам, а лоша била и инфраструктурната состојба. Минатата година слична констатација имала и руска делегација.

Ohridnews