По серијата откажувања на стандардните репрезентативци , селекторот Љубомир Савевски одлучи македонската ракометна репрезентација да не патува во Словенија на претходно закажаните пријателски натпревари.
Кирил Лазаров, Наум Мојсоски, Борко Ристовски, Левко Наумоски, Ацо Јоноски, Милан Левов и Владимир Темелков, откажале со што драстично се намалува квалитетот на македонската репрезентација пред овој двомеч.
– Сметам дека без играњето на повеќето репрезентативци и нема смисла да се играат овие закажани средби со Словенија, од две причини. Првата е таа што јас не сакам да се подготвувам за следниот циклус на евроквалификации ако ги немам најдобрите во составот и, второ, нема смисла на Словенија, која сериозно се подготвува за бараж-дуелот со Унгарија, да и бидеме лесен спаринг-партнер во нејзиното настојување да обезбеди пласман на СП. Подобро да си побараат посилна репрезентација, отколку нашата во ваков некомплетен состав – вели Савевски во изјава за “Нова Македонија“
Според претходно предвидената работна програма, македонските репрезентативци требаше да тренираат денеска и утре во СРЦ „Кале“, а в недела да заминат за Словенија.
По повод 144 години од раѓањето на македонскиот револуционер и великан Тодор Александров денес се одржа спортски ден во спортската сала која го носи неговото име во с Велгошти во организација на ОО...
Во ООУ „Братство Единство“ Охрид, се одигра првото коло од Бизнис лига Охрид 2025 во шах, во организација на ШК Ласкер Охрид, На Бизнис лига Охрид 2025 во шах учествуваат 7 екипи: Опен ГИ Охрид, ВА...
ГРК Охрид убедливо го совлада РК Куманово со 38:20 (полувреме 16:9) во натпреварот од 20 коло од Супер лигата, кој се одигра вечерва во „Билјанини Извори“ Најефикасен во редовите на „Гладијаторите“...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.