На официјалната веб страна на Уефа објавена е Фер Плеј Листата за 2007 година на која Македонија се наоѓа на последното место.
УЕФА, Фер Плеј листата ја изработува врз база на настапите на клубовите во европските купови, но и националниот тим во квалификациите и за да се влезе на листата потребен минимум се 28 натпревари.
Македонија на листата изработена со податоците заклучно со 31 декември се наоѓа на последното 50-то место со 40 одиграни натпревари и 7,397 бода.
Листата ја изработуваат делегатите од УЕФА на секој натпревар притоа оченувајќи го однесувањето на играчите, тренерите, раководството на клубот, навивачите, а нормално тука в предвид се зема и бројот на црвените и жолтите картони.
На крајот од сезоната, земјата со најмногу поени добива едно место повеќе во Купот на УЕФА, а уште две места во истото натпреварување се одредуваат со жрепка во која влегуваат земјите со преку осум поени.
На врвот на листата – селекцијата на Англија
УЕФА Фер Плеј листа:
1. Англија 8,117 поени 113 натпревари
2. Норвешка 8,113 67
3. Германија 8.079 100
4. Шведска 8,076 77
5. Франција 8,075 94
6. Данска 8,064 73
7. Шпанија 8,042 111
8. Естонија 8,025 41
9. Финска 8,022 55
……..
14. Италија 7.974 101
……..
23. Холандија 7.885 67
……..
34 Србија 7.749 72
35 Хрватска 7.748 61
……..
50. Македонија 7,397 40