Германија , Русија, Литванија и Либан ќе добијат покани за учество на Светското кошаркарско првенство во 2010 година што ќе се игра во Турицја.

По состанокoт на ФИБА одржан во Истанбул, познати се репрезентациите кои ќе учествуваат на Светското првенство наредната година.

Од Европа тоа се: Шпанија, Србија, Словенија, Грција, Литванија, Русија, Турција, франција, Германија и Хрватска.

Од Азија ќе учествуваат: Кина, Јордан, Либан и Иран.

Од Африка: Ангола, Брегот на Слоновата Коска и Тунис

Од Северна Америка: САД и Канада

Средна и Јужна Америка: Порторико, Бразил и Аргентина  и од

Австралија со Океанија се: Австралија и Нов Зеланд

Ждребката за составот на групите ќе биде одржана во Истанбул во вторник на 15 декември