Песната  „Македонија навива за вас“ во изведба на починатиот Тоше Проески, е избрана за официјална навивачка химна на Македонија.

На изборот што се одржа синоќа во Метрополис арената во Скопје беа  изведени 12 песни. Настапија Соња Тарчуловска, триото Јован Јованов, Елвир Мекиќ и Иван Јованов, групата “Нокаут”, дуетот Кристина Арнаудова и Ѓоко Танески, дуетот Тамара Тодеска и Тони Зен, “Дени те чува”, “Куку Леле”, Дани, Каролина Гочева, групите “Суперхикс”, и “Морал”, а песната на Тоше беше прожектирана на видео бим.

Граѓаните на Македонија химната ја избраа по пат на телефонско гласање, а средствата што беа собрани од јавувањето ќе бидат наменети за помош во лекувањето на малиот Тео Тасев.

ohridnews