Вечерва од 20 часот  во „Метрополис арена“ на Скопски саем ќе се одбере македонската навивачка химна. Во конкуренција за најдобра се 12 песни кои ќе ги отпеат дел од македонската естрада, како што се Соња Тарчуловска, триото Јован Јованов, Елвир Мекиќ и Иван Јованов, групата “Нокаут”, дуетот Кристина Арнаудова и Ѓоко Танески, дуетот Тамара Тодеска и Тони Зен, “Дени те чува”, “Куку Леле”, Дани, Каролина Гочева, групите “Суперхикс”, и “Морал”.

Во конкуренција за најдобра химната е што ја сними трагично загинатиот Тоше Проески. Таа песна ќе биде презентирана на видеобим и без оглед што Тоше веќе не е меѓу нас, ќе се гласа и за неа. Но, Агенцијата за спот и млади цедето со песните за избор на навивачката спортска химна му го посвети на Тоше, како чин на оддавање на почит кон неговиот лик и дело.


Тоше беше голем навивач

Македонија химната ќе ја одбира по пат на телефонско гласање, а средствата што ќе бидат собрани ќе бидат наменети за помош во лекувањето на малиот Тео Тасев.

Водители ќе бидат Ана Исаиева, Марко Новевски и Нина Павловска од “Томато продукција”, преку кои одеше главната кампања.

ohridnews