Имено во првата од резолуциите беше прифатено зголемувањето на буџетот на УНЕСКО за програмата човек и биосфера (МАБ) што ќе значи поголем интерес и можности за проекти од областа на животната средина и биодиверзитетот. УНЕСКО со втората резолуција побара и се вклучи во глобалната акција за климатските промени, кои имаат исклучително негативно влијание врз условите за живот на човештвото и врз развојот на светот воопшто, вели Дејан Паноски од Минсиетерството за животна средина, кој како претставник на Македонија учествуваше во работата на Генералното собрание.
– Климатските промени дефинитивно ќе имаат сериозни импликации врз економските , социјалните и културолошките вредностри на човештвото како што се правото на живеење , на здравје, храна, вода и живеалиште. Затоа заклучено е напорите да се фокусираат на едукацијата и подигање на свеста околу влијанието на климатските промени, истакна Паноски.
На микро ниво тоа ќе значи поголема кампања за еколошките проблеми , но и квалитетни мерки во урбанизацијата, планирањето , користењето на водените ресурси, квалитетот на воздухот, развивање на нови технологии. Македонија според можните сценарија набрзо би навлегла во сушна зона и затоа е потребна брза реакција согласно усвоената национална стратегија, смета Паноски.