Македонската фудбалска репрезентација напредуваше едно место на најновата рејтинг листа од ФИФА и сега се наоѓа на 83-та позиција со 402 бодови.
Селекцијата сеуште нема одиграно натпревар во новата година, а тоа ќе го направи на 5 март на „Филип Втори“ против репрезентацијата на Литванија.
На врвот нема промени Шпанија неприкосновено е лидер, по неа следуваат Германија и Аргентина.
Од балканските селекции најдобро котира Хрватска на 16-та позиција, Босна и Херцеговина е веднаш до „коцкастите“ на 17-та, Словенија на 27-та, Србија на 29-та, Црна Гора 53-та позиција.
Мх.П.