Македонската кошаркарска селекција во наредните три дена ќе одигра три натпревари на турнирот во Фиренца, Италија.
На воведниот натпревар Македонија ќе игра со домаќинот Италија, потоа ќе играме со Бугарија, додека на последниот меч в недела „црвено-жолтите“ се среќаваат со селекцијата на Полска.
Во составот koj отпатува во Италија, Докузовски дополнително ги повика искусниот центар Тодор Гечевски и бекот Александар Костовски. Во Скопје остана Марко Колариќ, кој се’ уште нема добиено македонски пасош.
На крајот од месецов Македонија ќе биде домаќин и на турнирот „Трофеј на Македонија“, а на кој, покрај нашата селекција, треба да учествуваат селекциите на Брегот на Слоновата Коска, Катар и на Црна Гора.
Противници на Македонија во августовските квалификации за ЕП 2011 година во Литванија се Велика Британија, Босна и Херцеговина, Украина и Унгарија.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com