Mакедонската фудбалска репрезентација во футусал патува за Либија каде во главниот град Триполи  на 29 и 30. Јануари ќе одигра две контролни средби со домашната селекција на Либија. Нашиот противник на последното Светско првенство заврши како 13 пласиран.


– На овие средби ќе играме во изменет, ослабен состав без повредениот Насковски, потоа голманот Тодоровски кој е ослободен од обврските, а под знак прашалник поради административни проблеми е и патувањето на Петровиќ и Јовановски. Во секој случај имаме можност да провериме некои од помладите играчи кои нестрпливо чекаат шанса за докажување. Ќе бидат тоа две силни контролки кои доаѓаат благовремено пред квалификациите во Полска. Дуели со цврст , квалитетен противник против кој ќе испробаме некои варијанти кои ќе ни бидат потребни за подобар настап пред се против Полска и Белорусија во квалификациите.

Во досегашните 4 пријателски средби со селекцијата на Либија еднаш загубивме а три пати ремизиравме.