Македонскиот футсал викендов и гостува на Словенија каде ќе одигра два контролни натпревари. Првиот се игра на 26.12.2009 (Словен Градец) и на 28.12.2009 (Горисница). Селекцијата на Словенија е  12-тата репрезентација од декемвриската УЕФА ранкинг листа и 18-та од последната ФИФА листа,а ќе биде дел од ЕП во футсал кое ке се одржи наредниот месец во Унгарија. Во тимот на Словенија игра еден од најдобрите европски футсал играчи, капитенот Бенјамин.

 – Ние сме во фаза на создавање нов тим, и како и против Србија, и овој пат ќе има неколку дебитанти (Спасовски, Ивановски, Јолевски). Иако Словенија важи за огромен фаворит, сепак мислам дека ќе се претставиме во добро издание, и дебитантите ќе ја оправдаат довербата, а вториот натпревар против Србија одигран во Велес ни дава надеж за тоа. Бидејки сме во фаза на формирање нова репрезентација, како и против Србија, и овој пат шанса ке добијат сите повикани репрезентативци. Резултатите од овие контролни натпревари не се од примарно значење, туку целта е да се извлечат што е можно повеке нови играчи кои ке го понесат товарот на следните Квалификации. – рече селекторот Васко Скендеровски.

За Македонија хендикеп ќе претставува неиграњето на Насковски Жарко, најдобриот футсал играч за 2009 година, како и отсуството на Христов Ѓорѓи.

Во Словенија ќе патуваат вкупно 15 играчи:

Голмани:
ЦВЕТКОВСКИ Маријан (КМФ Железарец), ТОДОРОВСКИ Мирослав (КМФ Железарец), ЈОЦЕВСКИ Емил (КМФ Куманово 1903)

Одбрана:
ЛЕВЕСКИ Зоран (КМФ Железарец), ПЕТРОВИЌ Драган (КМФ Железарец), ЕМИНИ Скендер (КМФ Куманово 1903), ИБИСИ Орхан (КМФ Железарец), ПЕТРОВСКИ Ненад (КМФ Железарец)

Напад:
ЈОВАНОВСКИ Оливер (КМФ Хедис), РАНГОТОВ Дарко (КМФ Хедис), СТЕФАНОВСКИ Марјан (КМФ Железарец), СПАСОВСКИ Жарко (КМФ Велес), ИВАНОВСКИ Кирил (КМФ Велес), ТРАЈКОВСКИ Бранислав (КМФ Железарец)

Пивот: ГЕОРГИЕВ Кире (КМФ Хедис)

Ohridnews