Најдобрите Македонски ракометарки ќе земат учество на Европско првенство што од денеска до 17 деклември се одржува во Шведска. На собирот на најдобрите 16 од стариот континент макдеонската женска репрезентација отпатува во подмладен состав кој во првата фаза по групи ќе им се спротистави на Србија, Унгарија и Австрија .
Главна цел на избразничките на Портној ќе биде што подостоинствен настап на шампоионатот кој за македонската репрезентација претставува увертира во подготовките за настап на Европското првенство во 2008 година чии домаќин е токму нашата земја.
Предвидено е дел од натпреварите на ЕП 2008 да се играат и во спортската сала“Билјанини извори“ во Охрид која за таа прилика ќе претрпи одредени корекции