Домаќин на турнирот е градот Анкара, а шесте селекции се поделени во две групи.
Групата А ја сочинуваат Турција, Германија и Хрватска, додека Македонија ќе игра во групата Б заедно со Летонија и Велика Британија.
Според програмата, на 26 Август сме слободни (играат Летонија – Германија), на 27 август играме со Летонија во 18:30, а на 28 август во истиот термин ќе ги одмериме силите со Велика Британија.
Двете првопласирани репрезентации од групите ќе играат во финалето.