На листата од вкупно 184 земји од светот, Македонија се најде на 56 место во рамки на извештајот на Индексот на слободна економија кој го објавија „Херитиџ Фондејшн“ и „Волстрит Журнал“. Оваа позиција  е дури за 22 места погоре, споредено со ланскиот извештај.

Македонија најдобро се покажала во делот на фискалната слобода (индекс 89,3) и во слобода на надворешната трговија (83,3), а најлошо е рангирана во делот на корупција (36) и заштита на сопственички права (35).

Според освоениот број на поени, зад нашата земја се рангирани Словенија на 61 место, Црна Гора на 68, Бугарија на 75 место, Хрватска  се наоѓа дури 32 места подолу од Македонија.  На првата позиција според Индексот на слободна економија е Хонг Конг, па следат Австралија и Нов Зеланд.

Во спроведеното истражување на „Херитиџ Фондејшн“ и „Волстрит Журнал“ како главни параметри се земени следниве фактори: Бизнис слобода, Слобода на увоз-извоз, Фискална слобода, Финансиска слобода, Монетарна слобода, Трошоци на владата, Криминал и корупција, Слобода на инвестирање, Работнички права  и Сопственички права.

Ohridnews