Овие податоците ги објави министерот за информатичко општество Иво Ивановски, на вчерашната прес конференција. Тој оцени дека станува збор за голем напредок на Македонија во развојот на информатичкото општество, верификуван од најкредибилната меѓународна институција.
-Во делот од извештајот на ИТУ за напредокот на Македонија, големо внимание е посветено на подобрувањето на ИКТ инфраструктурата, проектите е-влада и е-образование-рече Иваноски.
Тој очекува извешајот на ИТУ за 2009 година да биде со уште подобри резултати, затоа што во 2009 година биле реализирани повеќе проекти, при што користењето на компјутер изнесуваше 51 процент, а интернетот во домаќинствата над 41 процент.
– Со инвестиците што ги правиме во полето на ИКТ, со продолжување на либерализацијата на телекомуникацискиот пазар, инсталирањето на интернет кисоците во руралнитре средини, со воведувањето поголем број електронски услуиги Макеоднија ќе продолжи да напредува со развојот на информатичкото општетство-истакна Ивановски.