Македонија бележи скок од осум места и е рангирана на  34-то место од вкупно 175 држави во касификацијата на „Репортери без граници“ за слободата на медиумите во светот.

Зад Македонија од земјите во региониот се Грција, на 35-то место, Босна и Херцеговина на 39-то место,  Србија на 65-то место, Косово на 75-то место, Црна Гора на 77-то, Хрватска на 78-то и Албанија на 88-то место. Најслободни се медиумите во Данска, Финска, Ирска, Норвешка и Шведска, а нивната слобода е најограничена во Еритреја.

Ohridnews