Во бразилскиот Рио де Женеиро, со жрепка се одредени составите на кошаркарските групи на Олимписките игри во Лондон.

Извлекувањето на групите е важно за македонската кошаркарска репрезентација која на претквалификацискиот турнир во Венецуела, од 2-ти до 8-,и јули ќе се обиде да избори пласман на олимпијадата.

Група А: САД, Франција, Аргентина, Тунис, Квалификант 1, Квалификант 2

Група Б: Шпанија, Австралија, Бразил, Кина, Велика Британија, Квалификант 3.

Македонија на турнирот во Венецуела, во првата фаза ќе се натпреварува против Нов Зеланд и Ангола. Покрај овие три селекции на претквалификацискиот турнир ќе настапат Венецуела, Русија, Јужна Кореја, Доминиканска Република, Нигерија, Литванија, Грција, Јордан и Порторико.

Пласман во Лондон од овој турнир ќе изборат три репрезентации.

Ohridnews