Македонската ватерполо репрезентација го претпрпе третиот пораз во третиот натпревар од светската ватерполо лига.  Во Скопје во базенот “Младост“ Русија ја победи Македонија минамално со 4-3.


Избраниците на Нонковиќ одигра одлично во одбранта, додека мака мачеа со оргазницијата на нападот. Настапите на Светската лига се одлична подготовка за  квалификациите за ЕП кои ќе се одржат во април.

Драгоцени се нашите настапи во Светската лига каде се среќаваме со силни противници.Нема што да им се забележи на момците кои дадоа се од себе, не е трагедија да се изгуби од репрезентација каква што е Русија. Тимот е се’ подобар, од меч во меч, но она вистинското е да се пласираме на ЕП во Загреб – рече Нонковиќ по завршувањето на натпреварот.

Следниот меч на Македонија е во Хрватска (23 февруари), а потоа играме уште со Грција дома и со Русија на гости. Само првиот во групата оди во следната фаза.

Во квалификациите за ЕП кои ќе се одржат во април, во нашата група се Грција, Словенија и Франција.

М.П.