Македонија е земја во која туристите може да се чувствуват безбедно и каде за посета е потребно да се преземат само вообичаените сигурносни мерки. Ова
го препорачува CBS која врз основа на податоци на канадското
министартво за надворешни работи изработи карта на ризик за патници во
поедини држави, пишува Baltic News Network.
Во
опкружувањето како најнебезбедни држави се посочени Грција, Бугарија,
Романија и Босна и Херцеговина каде на туристите им се препорачува да
бидат многу претпазливи, додека во Албанија и Косово се предупредува
на опасност во одредени региони.
Повод за изработката на оваа карта се неодамнешните случаи на силување на туристки во Индија и Бразил.
извор:BNN