Повеќе илјади граѓани синоќа протестираа во Скопје против промена на уставното име на земјата. Тие побараа преговорите со Грција веднаш да бидат прекинати, бидејќи прашањето за името кое се наметнува е апсурдно.

Никој не смее да се дрзне да го предаде овој народ, оваа земја, името Македонија. Оваа земја се викала, се вика и ќе се вика Македонија беа дел од пораките упатени од протестниот митинг што се одржа на плоштадот “Пела“.

Протестот минал во мирна атмосфера, без никакви инциденти. По завршувањето на протестот помала група млади  се упатила кон грчката амбасада со намера да протестира во што била спречена од полицијата.

ohridnews
фото:МИА