Пратеникот Николоски се сретнал со повеќе европски пратеници високи функционери на Советот на Европа членови на Парламентот на Белгија и на Европското движење, како и со преставници на разни комитети и секретаријати во рамките на Европаката Комисија и Европскиот совет.
Според најавите Николоски во наредните денови ќе има средби со одговорните за Република Македонија во Европската Комисија, со преставниците на директоратот за проширување на ЕУ, како и со влијателни невладини организации и интелектуалци во Брисел сокои ќе разговара и лобира Европската комисија да определи датум за почеток на преговори за членство на Република Македонија во ЕУ.