Македонската ракометна репрезентација се радуваше на втората победа на “Жолтиот Куп“ кој се игра во Швајцарија. Во второто коло Македонија лесно и убедливо ја совлада Турција со резултат 36:25 (16 : 11).

Лазаров, Митков и Темелков постигнаа по пет погодока во убедливата победа.


На останатиот натпревар Швајцарија минимално 25-24 ја совлада С. Арабија.

Денеска е последниот ден на турнирот, на кој Македонија ќе ги одмери силите со домаќинот Швајцарија.

М.П.