Македонската ракометна репрезентација го победи Алжир 32-19 (16-8) во второто коло на Мундијалот во Хрватска.

Жолтите го котролираа текот на натпреварот и колку толку се рехабилитираа за поразот од Тунис.

Најдобар во нашиот состав беше голманот Ангеловски кој имаше 18 одбрани притоа постигна и еден гол.

Македонија во третото коло утре во 15.30 ч. игра против Полска.

М.П.