Македонската женска кошаркарска репрезентација до 20 г го претпре и петтиот пораз на Евробаскетот во Охрид. Во дуелот на последно пласираните селекции Македонија беше поразена од Австријa со 68-62.
Кај избраничките на Петровиќ недостигаше желба, мотив но и дисциплина на теренот и надвор од него за да се стигне до првата победа на шампионатот. Наместо ние се радуваа австријките на нивниот прв триумф кој ќе ги оддалечи од последното место.
Поразот догаѓа како резултат на севкупните случувања во репрезентацијата долг период наназад смета селекторот Петровиќ. Тој по завршувањето на натпреварот не ја пропушти приликата да ја искритикува до тогаш за него најталентираната селекција и нивниот однос кон националниот дрес.
– Разочаран сум од нивниот пристап и нивнот однесување на клупата. Не може натпреварот да се крши, а одредени кошаркарки да се кикотат на клупата. Ако досега бевме поразени од далеку поквалитетни репрезентации сега покажавеме дека сме лесен залак за сите – изјави Петровиќ.
Петровиќ смета дека македонската репрезентација нема побендички менталитет, а реперзентативките се плашат да победат.
– Овие натпревари се добра прилика да се скенира целата ситуација околку македонската женска кошарка – рече македонскиот селектор.
Македонија во последниот натпевар во Охрид ќе игра против В Британија. Се уште постојат теоретски шанси со победа Македонија да го избегне последното место.
М.Постоловски
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com