Правни лица, здруженија, организации, државни и образовни институции кои работат во областа на туризмот, до 25-ти септември 2015 година, имаат можност да се пријават за учество на петте интернационални саеми за туризам, на кој Македонија ќе биде претставена во јануари и февруари 2016 година.
Според известувањето кое го има објавено Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, прв на распоредот за саемски претставувања ќе биде саемот „Vakantiebeurs“ во Утрех, Холандија, кој ќе се одржува од 12-ти до 17-ти јануари. По него следува саемот „EMITT“ во Истанбул, Турција кој ќе се одржува од 28-ми до 31-ви јануари.
Од 4-ти до 8-ми февруари, македонските туристички богатства ќе бидат промовирани пред посетителите на саемот за туризам „Brussels holiday fair“ кој ќе се одржува во Брисел, Белгија.
Македонија ќе има промотивен штанд и на саемот за туризам „Holiday i spa“ кој ќе се одржува во Софија, Бугарија од 11-ти до 13-ти февруари. Двомесечниот распоред на саемски претставувања ќе завршат со саемот „IFT“, кој ќе се одржува во Белград, Србија од 18-ти до 21-ви февруари.
Повеќе информации за начинот на пријавување за учество на интернационалните претставувања може да се најадат на веб страницата на Агенцијата за промоција и подршка и промоција на туризмот.
OhridNews