Македонската сениорска машка кошаркасрка репрезентација ќе се бори за првиот Трофеј “Македонија“.

Избраниците на Јовица Арсиќ во финалното трето коло кое ќе преставува своевидно финале ќе играат против селекцијата на Црна Гора.

Во првото коло Македонија ја совладаа Романија со 100:47  додека во вторто Турција 67:59 .

Најпријатното изненадување селекцијата на Црна Гора триумифираше во првото коло над Турција со74:67, додека во второто над Романија со 99-65.

Натпреварот Македонија – Црна Гора се игра вечерва во 20.30 .

М.П.