Македонија пред Европската Комисија во Брисел утре ќе го презентира напредокот во апроксимацијата на македонското со европското законодавство во областа на транспортот, животна средина, енергетика и регионален развој.
Македонската делегација ќе ја предводи државниот секретар на Министерството за животна средина и просторно планирање, Дејан Пановски, во својство на ко-претседавач на Поткомитетот за транспорт , животна средина , енергетика и регионален развој.
Делегацијата во Брисел не патува по тапкање по рамо за очигледниот напредок во овие поглавја туку на рамноправна основа да разговара со Европската комисија за идните чекори кои овие поглавја ќе ги доближат до процесот на преговорите, изјави за Ohridnews, Дејан Паноски, непосредно пред поаѓањето за Брисел.
Во односот со Комисијата настапуваме единствено како партнери затоа што двете страни се стремат кон иста цел . Овие поглавја точно е дека ќе бидат најтешките во процесот на преговори пред се заради имплементацијата на легистлативата , административните капаитети и инвестициите во овие сфери па затоа силно и заеднички ги подготвуваме, додаде Паноски.
ohridnews