Министерствата за внатрешни работи и за правда на Република Македонија ќе отпочнат постапка за екстрадиција на 31 годишниот Бојан П., главен осомничен за двојното убиство што минатата година се случи во хотел – ресторанот „Император“ во Охрид, кој е приведен во Албанија, информираат од СВР Охрид.
Повеќе детали за приведувањето на осомничениот засега не се соопштуваат.
Бојан П. на 22- ри август минатата година, во хотел – ресторанот „Император“ со огнено оружје кое нелегално го поседувал, смртно застрела две лица. Оттогаш тој беше недостапен за органите на прогонот и по него беше распишана меѓународна потерница.
Непосредно по убиството беше приведено уште едно лице кое за време на немилиот настан било со главниот осомничен.
Двајцата приведени од порано и биле познати на полицијата, која против нив има поднесено повеќе кривични пријавни.
OhridNews