Македонија ќе почека на изборот на новиот селектор на “А“ селекцијата, откако УО на ФФМ на наредната седница нема да го стави на дневен ред ова прашање.
Претседателот на ФФМ, Хари Хаџи-Ристески на седницата закажана за в петок, 8-Јули во Прилеп
најави дека ќе се разгледаат предлог пропозициите за Првата и Втора МФЛ како и куп натпреварувањето, потоа измените во Правилникот за натпреварување, извештаите на телата и комисиите во ФФМ и ќе бидат разгледани и предлог листите на судии и контролори.
Новиот селектор според најавите од ФФМ ќе биде избран на наредната седница која се планира да се одржи во средината на Јули.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com