Македонската ракометна репрзентација натпреварите од СП наредната година во Хрватска ќе ги игра во Вараждин.

Ѓаволски тешка е групата во која се најде нашата репрезентација со Европскиот шампион Германија, потоа европскиот веицешампион Полска, како и Русија,Алжир и Тунис.


Нашите репрезентативци, доколку ја минат првата фаза, тогаш ќе се преселат во Задар каде ќе вкрстат со најуспешните три селекции од Д групата во која играат Данска, Норвешка, Египет, Србија, Саудиска Арабија и првиот преставник од Пан Америка.
 
Домаќинот Хрватска го одбра Сплит. во оваа група уште се Шведска, Шпанија, Кореја, Кувајт и третиот преставник на Пан Америка.
 
Мечевите од групата „А“, во која ќе “другаруват“ Франција, Унгарија, Словачка, Романија, Австралија и вториот преставник од Пан Америка ќе се игра во Осиек.

По првиот круг, трите прво пласирани екипи од А и Б групата натпреварите во вториот круг ќе ги одиграат во Загреб.

ohridnews