Фудбалската репрезентација на Македонија ќе игра во последната 9-та група во еврозоната за пласман на Светското првенство што во 2010 година ќе се игра во Јужна Африка.
Противници на нашата репрезентација ќе и бидат Холандија, Шкотска, Норвешка и Исланд, беше одлучено на ждребката што се одржа во Дурбан, Јужна африка.
Нашата група е единствена со пет репрезентации. Победникот директно обезбедува пласман за СП, додека второпласираните репрезентации од 8 групи ќе играат бараж средби.
Еве го изглелдот на останатите групи на денешниот ждреб во Дурбан :
Група 1 Португалија, Шведска, Данска, Унгарија, Албанија, Малта
Група 2 Грција, Израел, Швајцарија, Молдавија, Летонија, Луксембург
Група 3 Чешка, Полска, С.Ирска, Словачка, Словенија, Сан Марино
Група 4 Германија, Русија, Финска, Велс, Азербејџан, Лихтенштајн
Група 5 Шпанија, Турција, Белгија, БиХ, Ерменија, Естонија
Група 6 Хрватска, Англија, Украина, Белорусија, Казакстан, Андора
Група 7 Франција, Романија, Србија, Литванија, Австрија, Ф.Острови
Група 8 Италија, Бугарија, Р.Ирска, Кипар, Грузија, Ц.Гора
Г.М./М.П.