Машката ракометна репрезентација на Македонија за противник во баражот за пласман на Светското првенство што во јануари 2017 година ќе се одигра во Париз, Франција, ќе игра против Чешка. Вака одлучи ждрепката што денеска беше извршена во Краков Полска, на прес конференцијата пред завршувањето на Европското првенство, со мечевите за медали кои на програмата се подоцна денеска.
Бараж средби:
Шведска – БиХ
Чешка – Македонија
Полска – Холандија
Русија – Црна Гора
Србија – Унгарија
Исланд – Португалија
Словенија – Норвешка/Хрватска
Белорусија – Латвија
Данска – Австрија
Првите натпревари од баражот ќе се играат во терминот од 10 – 12 јуни, а реваншите се помеѓу 14 и 16 јуни. Победниците ќе им се придружат на домаќинот и актуелен светски првак Франција, Катар, финалистите на ЕП Шпанија и Германија и третопласираната репрезентација од првенството (Норвешка – Хрватска), додека четвртопласираната ќе игра бараж. Европа на ова СП ќе има 13 претставници.
OhridNews