Комисијата за природни науки при УНЕСКО денеска го одобри формирањето на Институт за водни ресурси под покровителство на светската организација за заштита на културното и природното наследство.

Според Дејан Пановски, од Министерството за животна средина и просторно планирање кој како член на делегацијата на Република Македонија учествува на 35-тото заседание на Генералната конференција на УНЕСКО што се одржува во Париз, одлуката е од исклучително значење за идното управување и заштита на водните ресурси

Паноски посочи дека утре се одржува гласањето за членство во Меѓунационалниот Совет за  хидрологија во кој Република Македонија е еден од кандидатите.    

На Генералното собрание на УНЕСКО се разговара за унапредувањето на заштитата на животната средина, посебно во борбата против загадувањето и промените на големите хидро басени.

Ohridnews