Македонскта ватерполо репрезентација дури по продолженијата двапати по три минути ја совлада Русија со 13-11 и ќе игра за седмото место на ЕП во Малага.

Во регуларниот дел мечот заврши 10-10 ( 3-2,3-2,2-2,2-4). Во продолжението Македонија беше посупешна со 3-1.

Во борбата за седмо место Македонија утре од 11 часот ќе игра против домаќинот Шпанија.

По големата победа на Македонија селекторот Љубо Мечкиќ рече : “ Ние сме мала земја со само два милиони жители и  сите тие денес ги стискаа палците за нас. Борбата за седмото место е огромен успех за нас.“

Капитенот Сашо Попоски рече :  Пресреќни сме што на дебитантскиот настап на ЕП стигнавме до борба за седмото место. растеретени ќе влеземе во мечот со Шпанија бидејки ние веќе се чуствуваме како победници.

М.П

 

М.П.