За жал и по се изгледа ваквите напори на нашата држава ќе бидат залудни, затоа што од другата страна на езерото и натаму продолжува безмилосниот улов на патрмката. За тоа сведочат и фотографиите кои деновиве ги направил нашиот сограѓанин Сашо во Поградец, каде пастрмката слободно се лови и продава буквало на секој чекор.
Македонија ја штити, Албанија ја истребува охридската пастрмка
Изненадува однесувањето на одредени стручни лица кои не убедуваат дека и во Албанија се води сметка за заштита на пастрмката, вели нашиот читател. Во Поградец изброив 17 кајчиња од кои 7 влечеа блинкер, а 10 работеа со мрежи. Тоа се случуваше во 10 часот, во 12 охридската пастрмка веќе јавно се продаваше по рибарниците и на тезгите во Поградец по 10 евра за килограм, посочува, читателот на „Ohridnews“.