Ретко во кој спорт Македонија може да се радува на победа против Англија. Тоа и појде од “нога“ на македонската футсал репрезентација која со победата од 3-1 над Гордиот Албион ги започна натпреварите од претквалификациите за ЕП 2012 година во Хрватска.
“Црвено – жолтите“ во текот на целиот натпревар беа во предност, прв мрежата ја начна Ранготов во 9 минута, водстовото го зголеми охриѓанецот Левески на стартот на вториот дел. Резултатската неивесност во мечот ја врати Морган кој намали на 2-1, а сите дилеми околу конечниот победник ги симна Ранготов со неговиот втор гол на мечот.
Во останатиот натпревар во нашата група Грузија со 8-0 ја победи Ерменија.
Во втората рунда Македонија ќе игра против аутсајдерот Ерменија, додека Грузија ќе се сретне со Англија. Само првопласираниот тим во овие претквалификации ќе обезбеди место во квалификациите.
М.П.