Македонската фудбалската репрезентацијата на “Филип Втори“ забележа сензационална победа над Данска со 3-0. Стрелци на головите за “црвено жолтите“ беа Горан Пандев во 8-та, Агим Ибраими во 17-та и Николче Новески во 25-та минута.

“Црвено жолтата“ рапсодија на “Филип Втори“ ја најави Тричковски, кој уште во втората минута се закани кон голот на Шмајхел. Шест минути подоцна, Пандев погодува за предност 1-0 по додавањето на Лазевски.

Во 17-та минута Ибраими со фантастичен погодок го потврди епитот најдобар фудбалер во Македонија и донесе водство од 2-0. Колосална прилика за трет погодок прокоцка Јаховиќ откако се сплетка по асистенцијата на Тричковски.

Тоа што не го направи, корпулетниот напаѓач го направи Николче Новески, кој со глава ја спроведе топката во мрежата.

Индиспонираниот состав на Данска целосно потфрли на арената “Филип Втори“, кој првата посериозна прилика за погодок ја имаше во 80-та минута, но резервниот голман Богатинов со бравурозна интервенција спаси чист погодок.

Победата над некогашниот Европски првак е одличен предзнак за квалифициските натпревари со селекцијата на Белгија. Првиот од двата меча Македонија го игра во Скопје на 22 март.

Мх.П.