Македонската нација несебично неколку часови во отвореното телевизиско шоу донираше средства за спас на малиот Тео Тасев кој боледува од рак на лимфните жлезди и треба да итно да се лекува во Париз, Франција за што се потребни големи финансиски средства.
На хуманитарниот концерт што синоќа се одржа во Универзалната сала во Скопје настапија голем број еминентни музички имиња: Влатко Стефановски, Каролина, Дани, Ареа, Калиопи, Кристина Арнаудова, Бајага и други, а во отворената програма на Канал 5 во улога на диспечери се појавија премиерот Груевски, владини министри, пратеници, глумци, спортисти и други јавни личности.
Со цел да му се помогне на малиот Тео, мобилните оператори Т-Мобиле, ВИП и Космофон ги отворија специјалните броеви: 070/143-133, 077/143-133 и 075/143 888, преку кои сите корисници на нивните мрежи, можат да донираат по 100 денари преку повик или СМС.
Исто така, сретства можат да се донираат и преку жиро-сметка: 300001000017753 – Комерциијална Банка, на име на Тео Тасев.
ohridnews