Македонската ватерполо репрезентација ја победи Грција со резултат 7:6 во петтиот натпревар од Светската лига.
Втората четвртина заврши 4:3 а Македонија ја имаше можеби најубавата шанса пред крајот на полувремето преку Милиќ со цепелин да го зголеми резултатот но, безуспешно.
„Ова е победа за народот кој дојде да не бодри. Го дадовме својот максимум. Не игравме без грешки но игравме со срце“ изјави Небојша Милиќ по натпреварот.
Во третата четвртина Грција не успеа да постигне ниту еден гол а во овој период капитенот Ненад Петровиќ го постигна својот прв и единствен гол на натпреварот.
Оваа четвртина ја окаректеризираа одличните одбрани на голманот Далибор Перчинич кој низ целиот натпревар имаше вкупно 15, три пати повеќе од грчкиот колега Костантинос Флегкас.
Во последната четвртина Македонија успеа да постигне само еден гол преку Еди Бркиќ а Грција постигна дури три преку Костантидопулос Коломвос и два од Георгиос Никостас.
Првиот натпревар во Атина заврши 8:6 за Грција.