Свое место во делот за проширувањето најдоа Хрватска, која денеска го потпиша Пристапниот договор, Црна Гора, од која се бара напредок во реформскиот процес, и Србија, од која се бара нормализирање на односите со Косово.
„Ние повторно ја потврдуваме европската перспектива на западниот Балкан. Не само што официјално ги отворивме вратите за Хрватска, туку јасно ставивме до знаење дека вратата зад нив нема да биде затворена“, рече Херман Ван Ромпуј, претседател на Европскиот Совет на прес-конференцијата одржана во Брисел.
Ваквиот исход за Македонија следува по состанокот на Советот на министри на Европската Унија, одржан на почетокот од неделава, на кој беше заклучено дека Советот ќе се наврати на прашањето за отворање на пристапни преговори со Македонија за време на следното претседателство.
извор: „Макфакс“