Во одлучувачкиот натпревар Македонија со 31-30 го совлада северниот сосед, Србија и го испрати дома порано од очекувањата.
Натпреварот како што и се очекуваше беше резултатски неизвесен, а психолошкиот товар лебдеше во воздухот во преполната сала “Борис Трајковски“ во Скопје.
Предноста се менуваше те на едната те на другата страна, но ниту една од репрезентациите не успеваше да се одлепи.
По првите 30 минути Македонија имаше плус два 16-14. Се до педесетата минута бевме во водство кога серијата на гостите ги одведе на плус два 26-28.
Но тогаш проработе гротлото во салата “ Борис Трајковски“ и нашите девојки понесени од шест илјадната публика успеаа да го извлечат најдоброто од себе и со победа обезбедија пласман во главната рунда.
Во главната рунда, Македонија ќе пренесе два бода, а ќе ги вкрсти ракавиците со Русија, Шведска и Белорусија.