Економијата во државава сериозно закрепнува, вака министерот за финансии Зоран Ставрески го коментира растот на индустриското производство.

Заводот за статистика деновиве објави дека во декември 2009-та индустриското производство порснало за 20% во однос на истиот месец во 2008-та година, што е прв позначаен раст од почетокот на кризата во земјава.


 
– Ова е знак дека индустријата се стабилизира, економијата се стабилизира, ова е почеток на излегувањето од рецесија. Несомнено тие показатели даваат охрабрувачки простор за умерен оптимизам во однос на очекувањата за годинава – изјави Ставрески.
 
Според МК-Фондови, Владата за почетокот на идниот месец најави нов, четврт по ред пакет антикризни мерки кои треба да го стабилизираат стопанството, а веќе за идната недела најавена е аукција на државни записи по каматна стапка од 5%, најниска од почетокот на кризата.
 

Ohridnews