Македонската женска кошаркарска репрезентација го доживеа најтешкиот пораз на шампионатот, откако со 87-47 беше совлада од најголемиот фаворит на првенството Шведска.


Избраничките на Милкова, ја одиграа најдобрата четвртина на шампионатот во која по десет минути игра имаа предност од 17-16. Но тоа беше се` што успеаа да направат, “викинзите“ уфрлија во друга брзина и како одминуваше времето така се зголемуваше предноста на семафорот. Бројките застанаа на +40 (87-47).

Во последната рунда Македонија игра против Унгарија, а се поизвесно е дека во групната фаза ќе останеме без победа.
М.П.